Sauna
Фински сауни; Инфрацрвени сауни; Хималајски сауни; Био сауни; Надворешни сауни; Комбинирани сауни (вградете сауна во Вашиот дом, со димензии по мерка на просторот)
Пирин експорт е пазарен лидер во Македонија, Албанија и на Косово, во проектирање и изведба на Фински, Инфрацрвени, Хималајски, парни и комбинирани сауни, од асортиманот на најреномираниот фински бренд Харвиа, со димензии и карактеристики по желба и избор на клиентот.
Во секој Ваш празен простор можеме да сместиме сауна (бања, подрум, спална соба, остава, поткровје…)
НОВО! Изработка на Хималајски панели, Сауни со панели од Хималајска кристална сол!
Прочистување на дишните патишта, зголемување на имунитетот.
Пирин Експорт ги опфаќа сите етапи – од стручни консултации, преку земање мерки, изведба и монтажа на сауната.
Нашата компанија има изработено над 1000 Сауни, на територијата на Македонија, Косово и Грција.
- Ослободување од стрес
- Ги релаксира мускулите и ја намалува болката во мускулите и зглобовите
При висока температура, телото лачи ендорфини кои имаат благ смирувачки ефект и способност да ја ублажат болката од артритис (и мускулната болка од интензивна физичка активност). Температурата на телото се зголемува предизвикувјќи крвните садови да се шират, а циркулацијата и лачењето на стимулативни состојки да се интензивира. - Елиминирање на токсини (детоксикација)
- Ја чисти и затегнува кожата
При потењето во сауна, континуирано се излива телесниот отпад и токсини, а тоа води кон одржување на виталноста, бојата и здравиот сјај на кожата. - Индуцира длабок сон
- Ги подобрува кардиоваскуларните перфоманси
Со редовна употреба на сауна, не само што ги вежбаме срцевите мускули и го подобруваме тактот на пулсот, туку истовремено позитивно влијаеме на регулаторниот систем. - Согорува калории и топи целулит
Со зголемување на срцевата активност се зголемува потребата од кислород и телото конвертира повеќе калории во енергија. - Зајакнат имунитет, превенција и заштита од Болести
При високи температури, телото лачи зголемен број на бели крвни зрнца, што помага при превенција од (и борба со) болестите и вирусите. Сауните го оневозможуваат затнувањето на синусите при настинки и алергии, особено во комбинација со пареа, која се добива при истурање на вода врз вулканските камења (во водата се додава еукалиптус/пеперминт или друга арома за дополнително уживање и прочистување на дишните патишта). - Одлично чувство
Сауната навистина прави да “се чувствувате подобро”, да “изгледате подобро” и “да спиете подобро”.
- Адреса: ул. Багдадска 15/локал 8, 1000 Скопје, Македонија
- Телефон: 02 3079-275
- Мобилен: 070 393-898
- Е-маил: info@pirinexport.com.mk