Himalayan Sauna (Хималајски сауни)
Пирин Експорт изведува и Хималајски сауни. Сауната со Хималајска кристална сол е уникатно релаксирачко искуство. Тулите од хималајска сол можат да се вградат во рамки на која било Финска или инфрацрвена сауна.
Чистите кристали од хималајска сол содржат 84 минерали во траги и елементи неопходни за оптимално здравје, а не содржат никакви токсини.
Научно докажано позитивно влијание на “негативните јони” кои ги емитуваат тулите од Хималајска кристална сол, при загревање на сауната.
Кристалите од Хималајска сол, помагаат за прочистување на дишните патишта а имаат и позитивни влијанија и подмладувачки ефекти врз кожата.
Пирин Експорт нуди персонализирани решенија за Вашата сауна, по мерка на просторот согласно индивидуалните желби и барања.
Можете да одберете од 6 различни типа на дрво, кои варираат од класични до егзотични, да комбинирате Финска со Инфрацрвена сауна во истата просторија, како и да додадете тули од Хималајска сол како завршен финиш на Вашата сауна.
- Ослободување од стрес
- Ги релаксира мускулите и ја намалува болката во мускулите и зглобовите
При висока температура, телото лачи ендорфини кои имаат благ смирувачки ефект и способност да ја ублажат болката од артритис (и мускулната болка од интензивна физичка активност). Температурата на телото се зголемува предизвикувјќи крвните садови да се шират, а циркулацијата и лачењето на стимулативни состојки да се интензивира. - Елиминирање на токсини (детоксикација)
- Ја чисти и затегнува кожата
При потењето во сауна, континуирано се излива телесниот отпад и токсини, а тоа води кон одржување на виталноста, бојата и здравиот сјај на кожата. - Индуцира длабок сон
- Ги подобрува кардиоваскуларните перфоманси
Со редовна употреба на сауна, не само што ги вежбаме срцевите мускули и го подобруваме тактот на пулсот, туку истовремено позитивно влијаеме на регулаторниот систем. - Согорува калории и топи целулит
Со зголемување на срцевата активност се зголемува потребата од кислород и телото конвертира повеќе калории во енергија. - Зајакнат имунитет, превенција и заштита од Болести
При високи температури, телото лачи зголемен број на бели крвни зрнца, што помага при превенција од (и борба со) болестите и вирусите. Сауните го оневозможуваат затнувањето на синусите при настинки и алергии, особено во комбинација со пареа, која се добива при истурање на вода врз вулканските камења (во водата се додава еукалиптус/пеперминт или друга арома за дополнително уживање и прочистување на дишните патишта). - Одлично чувство
Сауната навистина прави да “се чувствувате подобро”, да “изгледате подобро” и “да спиете подобро”.