Солена соба (Salt Room)
Пирин Експорт, проектира и изведува СОЛЕНИ СОБИ – со димензии прилагодени на просторот, согласно светските стандарди за изведба.
Што е солена соба?
Тоа е просторија каде што се вдишуваат честички исти како во солени пештери. Имаат специфична микро клима со температури помеѓу 20 и 24оС. Ѕидовите и подот се обложени со сол, а на сувиот воздух му се додадени најфините честички од солта кои треба да ги вдишете илјада пати додека престојувате во овие соби. Јонизираниот воздух позитивно влијае на човечкиот организам, доведува до психофизичка рамнотежа, помага при концентрацијата, одличен е за лечење астма и бронхитис, го подобрува дишењето и има уште голем број на предности.
Нашето портфолио нуди можност за избор на различни алтернативи на солена терапија ( Хималајска терапија со сол , Халотерапија, или пак комбинирана терпаија)
ТОП СПА тренд кој го одделуваме кај солената терапија е халотерапијата, каде што со помош на халогенератор, чистата (NACL) сол се ситни на микро честички, кои потоа се вдишуваат и помагаат при чистење на респираторните патишта.
- Директното вдишување на овие честички позитивно влијае на расположението и здравјето. Може да доведат до намалување на воспаленија на белите дробови, проблеми со синусите, а позитивно влијаат и при астма, алергии и бронхитис.
Солена терапија со кристали од хималајска сол, бенефиции и карактеристики
Придобивки:
- Го зајакнува имунитетот
- Ја зголемуваат циркулацијата на крвта преку расширување на крвните садови
- Го прочистуваат телото од токсини
- На природен начин ја чистат и хидрираат кожата
- Ја спречуваат појавата на акни
- Го намалуваат високиот притисок
- Помагаат при воспаленија на дишните патишта
- Ги опуштаат мускулите и го смируваат духот
Идеална температура: Максимум до 300 C.
Контакт:
- Адреса: ул. Багдадска 15/локал 8, 1000 Скопје, Македонија
- Телефон: 02 3079-275
- Мобилен: 070 393-898
- Е-маил: info@pirinexport.com.mk



