Симона Јовановска: Пливањето позитивно влијае на физичкото и психичкото здравје

Зошто мажите треба почесто да одат во сауна?
19/05/2021
Како адвокатот Зекир Зекири се ослободува од стресот!
20/05/2021

Разговор со Симона Јовановска-Директор на базенот „Младост“,  дел од СЦ Борис Трајковски.

Се поголем е бројот на рекреативци кои се рекреираат во реконструираниот базен „Младост“, во населба Карпош, кој е дел од СЦ Борис Трајковски. На што се должи тоа?

Во измитаниов период бележиме поголема посетеност, првенствено и основно заради добриот квалитет на водата која ја имаме, температурата на вода која ја одржаваме, секако тука е целиот персонал кој работи и се грижи за сите наши посетители од најмала до најстара возраст, како и достапните цени со кој може секој граѓанин да си го пружи задоволството на уживање на придобивките кои се беспрекорни за здравјето.

Деновиве добивте донација на модерна сауна од компанијата Пирин Експорт. Нешто што недостигаше на еден современ спортски центар. За кого ќе биде наменета?

Апсолутно  можам да кажам дека сега нашиот пливачки базен ги има сите елементи за уживање . Сакам да изразам голема благодарност на ,,Пирин- експорт,, кој  помогна да го збогатиме нашиот простор со преубава модерна сауна, изработена од професионалци во својата работа. Наменета е за сите наши посетители кои ќе сакаат да уживаат за достапни цени.

Видео плејер

Бидејќи живееме во дигитална ера, каде младите ги заменуваат спортските активности и дружења со игри пред компјутер, станувајќи се повеќе асоцијални. Што би ги советувале Вие?

Пливањето е активност, која во секој момент позитивно влијае на физичкото и психичкото здравје. Тоа е едно од најдобрите активности со која можете да го почестите своето тело.  Додека пливаме, ги активирамe сите мускулни групи, а при активноста зглобовите не чувствуваат никаков притисок.  Го јакне телото и кардио способноста и нема никакви притисоци на зглобовите. Помага за белите дробови да останат здрави, го подобрува нивниот капацитет. Го смалува ризикот за гликоза во крвта, и е многу добро за бремени жени.

Зошто е важно одењето во сауна?

Одењето  во сауна има важна улога за човековиот организам, бидејки помага да се ослободите од токсините. Покрај што е важна за детоксикација, го зајакнува организмот.  Се препорачува користење на сауна во тек на целата година , а особено годи за зимскиот период. Секако мора да споменеме дека доколку некој има здравствен проблем важно е да се посоветува со доктор пред користење на сауна.

 Кои се придобивките од пливањето?

Ги советувам сите млади и постари лица да не ја пропуштаат можноста да пливаат во ВИП пливачкиот базен кој е во рамките н СЦ Борис Трајковски, да уживаат во благодетите на користењето на сауна.  Апелирам до сите родители да ги носат своите деца на пливање со цел да стекнат спортски навики.