parallax background

Како адвокатот Зекир Зекири се ослободува од стресот!

Симона Јовановска: Пливањето позитивно влијае на физичкото и психичкото здравје
20/05/2021
Hotel Russia Skopje
20/05/2021

Зекир Зекири е адвокат од Скопје. Урбан лик, секогаш пријателски настроен, пријатен за разговор, професионалец кој се труди да гради долгорочни односи со своите клиенти, врз основа на принципот на взаемна доверба и почит. Страствен вљубеник во природата, човек кој сака да вози велосипед, и да планинари на некој од нашите планински врвови.

Човек со силна страст за животот, вечно љубопитен дух и немирна природа, кој ужива во убавите работи!. Активниот живот за него е начин за ослободување од стресот, некој вид на “вентил”, но истовремено и големо задоволство, од кое не сака да се откаже. Но како со возраста, така и поради “секојдневниот притисок” потребата од релаксација и опуштање стана се поизразена. Токму поради тоа Зекир се реши во својот дом да направи приватна сауна, во која ќе може да ужива.

Иако повеќето луѓе ја доживуваат како луксуз, или само како место за уживање, за мене сауната обезбедува бројни здравствени придобивки. Тоа е место каде го наоѓам душевниот мир, каде го полнам батериите по напорен ден. Истовремено ми помага за намалување на болките и укоченоста во мускулите и зглобовите посебно поради специфичноста на професијата која бара долго време работа покрај биро. Дополнително сауната ми го подобрува квалитетот на сонот, го регулира крвниот притисок, нивото на холесторол. Се на се, правењето сауна во домот за мене беше полн погодок. Потребно е само едно мало катче во домот!. Мојата сауна ја изведе тимот на Пирин Експорт, за кратко време, квалитетно и крајно професионално.

Сауната навистина прави да “се чувствувате подобро”, да “изгледате подобро”, ако можете дозволете си ја. Животот е убав и затоа треба да уживаме максимално во него. Не е случајно, зошто во Финска има над 3,3 милиони сауни, речиси во секој дом и канцеларија, а Финска брои 5,5 милиони жители. Финците дефинитивно ги знаат предностите на овој еликсир, и секако максимално ја користат сауната.