parallax background

Зошто мажите треба почесто да одат во сауна?

Д-р Кедев: Како да го подобрите имунитетот и да бидете поотпорни на сезонски вируси!
19/05/2021
Симона Јовановска: Пливањето позитивно влијае на физичкото и психичкото здравје
20/05/2021

Зошто мажите треба почесто да одат во сауна?

 

Посетата на сауна има многу придобивки за нашиот организам. Освен што го чисти телото од токсини и нè ослободува од стресот, одењето во сауна го намалува високиот крвен притисок и ризикот од срцеви заболувања.

zoshto-mazhite-treba-pochesto-da-odat-vo-sauna-01.jpg

Вообичаено, жените се тие кои почесто одат во сауна, отколку мажите. Но, според статистиките, мажите страдаат од висок крвен притисок повеќе од жените, а токму посетата на сауна го намалува притисокот.

До својата 22-ра година, на 15,5% од мажите во светот им е дијагностицирана хипертензија. Универзитетот Eastern Finland спроведе истражување во кое беа испитани 1620 мажи на средни години.

Сите имале притисок 140/90, што се смета за висок. Мажите биле поделени во 3 групи. Тие од првата група оделе во сауна еднаш неделно, од втората оделе 2-3 пати неделно и од третата – 4 пати неделно.

Кај мажите кои оделе во сауна 2-3- пати неделно, ризикот од срцеви заболувања се намалил за 24%, додека кај оние кои оделе 4 пати неделно, тој ризик се намалил за 46%.

zoshto-mazhite-treba-pochesto-da-odat-vo-sauna-02.jpg

Додека престојуваме во сауна, температурата се зголемува за 2 степени и доаѓа до ширење на крвните садови.

Престојот во сауна ја подобрува функцијата на крвните садови, што понатаму позитивно влијае на крвниот притисок.

Крвниот притисок се намалува додека сме во сауна и поради тоа што телото е релаксирано.

Одењето во сауна има и други придобивки за мажите:

  • ја намалува болката во мускулите предизвикана од вежбање или тешка физичка работа
  • ги обновува клетките во мозокот
  • го намалува високото ниво на холестерол

Момци, причините што ги набројавме се доволни за да почнете да посетувате сауна уште веднаш.