Александар Манев е урбан и успешен претприемач, човек кој додава дополнителна вредност на секоја работа. Оние кои добро го познаваат знаат дека е човек со вкус, кој знае да препознае вистински вредности, индивидуа со префинет стил, кој сака да ужива во животот!
Ужива во добра храна, префинето вино, убави автомобили, скијање и патувања. Директор на Кроација Осигурување неживот, сопственик на неколку портали, меѓу кои и реномираниот Фактор.мк, човек со визија и јасна цел во животот.
“Динамичниот живот, исполнет со секојдневни обвски, бројни состаноци, кратки деловни рокови, ми наметнаа потреба за одржување на рамнотежа, физички и психички баланс! Покрај позитивната енергија и поддршка која ја добивам од семејството и најблиските пријатели, исклучително важно ми стана да воспоставам рамнотежа, да најдам начин како на крајот од денот целиот напор, и стрес да се амортизира и денот да заврши релаксирано. За мене дефинитивно тоа е финската сауна, со бројните позитивни ефекти врз здравјето, за ослободување од стрес, опуштање на мускулите и зглобовите, како и за ефикасно елиминирање на токсините од организмот. А бидејќи не секогаш имам време да одам во финска сауна во некој спа центар, а не сакав да се лишам од оваа потреба, се решив да инвестирам во домашна финска сауна во мојот втор дом во Горно Соње.
Веќе цела година користам финска сауна, и сум презадоволен. Треба малку простор, инвестицијата не е голема, а претставува вистински благодет за здравјето, не само моето туку за здравјето на целата фамилија. Мојата финска сауна ја изведе тимот на Пирин Експорт, за кратко време, квалитетно и крајно професионално. Можам да кажам дека е една од најдобро направените долгорочни инвестиции за личен бенефит.
Животот е секојдневна борба со безброј предизвици. Убави и тешки ситуации, моменти, спомени. Сакам деловни предизвици, знам да ризикувам, целосно се вложувам, но од друга страна со исто темпо сакам да уживам!